Украина објави дека извршила воздушен напад врз пристанишниот град Феодосија на Крим.
Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук изјави дека во нападот бил уништен рускиот десантен брод „Новочеркаск“ од Црноморската флота.
„Руската флота станува сè помала“, рече Олешук на својот канал Телеграм, пренесува Униан.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат голема експлозија и пожар.
🔥 A large landing ship Novocherkassk was destroyed in Crimea https://t.co/jV0wIisjTh pic.twitter.com/sgwNudHETE
— Slava 🇺🇦 (@Heroiam_Slava) December 26, 2023
Телеграф не можеше самостојно да ја потврди автентичноста на снимките.
Иако Олешчук не презентираше докази дека во нападот бил уништен руски брод, шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, објави дека украинските сили извршиле напад во областа Федосија, дека имало пожар во пристаништето и дека пожарот бил изгаснат.
Bavovna in Crimea https://t.co/0eJUCPISmW
— Nat #GloryToUkraine #GloryToHeroes (@RedThyme) December 26, 2023
Засега нема информации за повредени.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.