Експлозија во станбена зграда во Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани

Сподели со своите пријатели

Експлозија на гас се случила во станбена зграда во рускиот град Белореченск на Краснодарската територија, а според прелиминарните податоци пет лица се повредени, од кои две се хоспитализирани, соопштија руските власти.

Loading...

54 лица, од кои 12 се деца, се евакуирани од објектот, соопшти руското Министерство за вонредни состојби, пренесе Интерфакс.

Како што се наведува во соопштението, експлозијата предизвикала уривање на таванот меѓу 4 и 5 кат на еден од влезовите.

За отстранување на последиците од вонредната ситуација биле ангажирани 67 спасувачи, пренесува руската агенција.