Експлозија во рудник во Пакистан, загинаа 12 рудари

Сподели со своите пријатели

Дванаесет рудари загинаа, а осум се спасени по експлозија на метан во рудник за јаглен во југозападен Пакистан, соопштија денеска официјални лица.

Loading...

„Спасувачката операција штотуку е завршена“, изјави главниот инспектор за рудници во пакистанската провинција Белучистан, Абдул Гани Балоч.

Тој изјави дека спасените рудари се префрлени во болница по експлозијата што се случила во текот на ноќта, пренесе Ројтерс.

Рудниците за јаглен се наоѓаат во западните области на Пакистан во близина на границата со Авганистан, а несреќите во рудниците се чести, главно поради метанот, наведува британската агенција.

Синдикатите на рударите претходно соопштија дека недостигот на заштитна опрема и лошите услови за работа се клучните причини за честите несреќи во рудниците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија