Експлозија во Куманово на бул. Октомвриска револуција

Сподели со своите пријатели

Нема повредени лица во експлозијата која утринава ги разбуди кумановчани околу 4 часот наутро, откако на градскиот кеј спроти бул. Октомврски револуца, лице фрлило петарда во шахтата сопственост на ЈП Куманово гас.

По фрлање на петарда во шахтата, поради присутност на гас, дошло до силна експлозија од која летнал капакот, јавува СВР Куманово.

Полицијата изврши увид на настанот и се работи на откривање на сторителот.