ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИРАК: Најмалку 10 лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 10 лица загинаа, а уште 30 се повредени во експлозија на плинска боца во ирачкиот град Сулејманија, соопштија денеска властите.

Loading...

Тринаесет лица се заробени под урнатините, изјави Хавал Абубакер, гувернер на провинцијата Сулејманија во северен Ирак и прогласи тридневна жалост, пренесува Ројтерс.

Пожарникарите успеаја да го стават под контрола пожарот кој избувна во станбена населба откако вчера експлодираше плинска боца.

Пожарот оштетил неколку куќи и уништил најмалку пет возила, соопшти полицијата.

Соопштено е дека најмалку три куќи биле целосно оштетени во експлозијата, која се случила во просторот над кујната, каде што била поставена плинската боца, јавува Ројтерс.