Експлозија на градски плоштад – за кумановчани одамна преживеано сценарио

Сподели со своите пријатели

Според првичните информации излезени се увидни екипи, причинета е незначителна материјална штета, но сепак станува збор за кривично дело кое многу интензивно и темелно ќе го истражуваме со цел да утврдиме кои се сторителите и мотивите за тоа, изјави денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков во врска со експлозијата што утрово се случи во центарот на Куманово за време на денешната посетата на ГП Табановце

Loading...

[huge_it_gallery id=”100″]

 

Чавков, потенцираше дека увидните екипи собрале соодветни материјали за вештачење и се надева дека во најбрз временски рок ќе има други показатели и информации кои ќе се користат во понатамошниот тек на истрагата.

Од друга страна, детонации на градскиот плоштад, но и низ останати делови од градот, за кумановчани е сценарио што жителите редовно го преживуваат, велат тие.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, кумановчани, иако после 9 мај, се` уште се обидуваат да ги заборават лошите денови за градот, и денес повторно се запрашаа, што се случува со безбедноста во Куманово, и кога конечно, кумановчани ќе почнат да живеат нормален живот, без страв за своите деца и личната безбедност.

Кумановчани се уште се сеќаваат за експлозијата која се случи на 5 јуни 2003 година, кога на градскиот плоштад во 2:15 часот наутро беше поставена експлозивна направа пред влезот на петкатната зграда бр. 2, на ул. Маршал Тито, над градската аптека на ќошот помеѓу просториите на ФК “Куманово” и едно приватно претпријатие.

На 25 декември 2002 година, експлозивна направа експлодираше во контејнер пред кумановската гимназија “Гоце Делчев”, кога загина едно лице, а двајца кумановчани беа полесно повредени.

Loading...