Експлозија на гасовод во Романија, четири лица загинаа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Четири лица загинаа, а пет се повредени утринава во експлозија на гасовод на градилиште на автопат во источниот округ Вранча во Романија, соопшти владината служба за итни случаи.

Loading...

Според информациите, пожарот е изгаснат, а повредените се пренесени во болница.

И загинатите и повредените во пожарот вршеле градежни работи на градилиштето на автопатот.

Причините за експлозијата се истражуваат, објави Аџерпрес.

Десетици луѓе беа повредени минатиот месец во експлозии на пумпа за течна нафта во романскиот град Креведија, во близина на главниот град Букурешт.