Експлозија доцна во ноќта ги вознемири кумановци

Сподели со своите пријатели

Експлозија одекна во Куманово во текот на раните утрински часови.

Loading...

Кумановчани, видно вознемирени, на социјалната мрежа Фејсбук споделуваа прашања за тоа што се случува во градот, и од каде доаѓа тресокот кој одекна во градот.

Настанот е потврден од СВР Куманово, со информации дека во 04 часот и 29 минути, активирана е експлозивна направа на градскиот плоштад, во тунелот кој води кон паркингот кај Чоробенско ќоше.

Повредени лица нема, а причинета е само материјална штета.

СВР Куманово и екипите на крим – техника во моментот вршат увид на лице место.