Две силни експлозии одекнаа утрово околу шест часот во Днепар, град во централна Украина, кој во последно време е главно поштеден од руски напади.
Loading...
Гувернерот на областа Дњепропетровск, Валентин Резниченко изјави дека една ракета била соборена од украинската воздушна одбрана.
Една жена е повредена, а две куќи се оштетени кога остатоците од проектилот паднале врз градина во приватна сопственост, јавува Би-би-си.
Тој додаде дека уште една ракета ја погодила транспортната инфраструктура, но не соопшти детали.