Експерти од Гугл, Пејонир и Фејсбук доаѓаат во Скопје

Сподели со своите пријатели

Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која годинава ќе се одржи на 11 ноември под мотото „E-commerce: Accelerate“, се во полн ек.

Loading...

И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот маркетинг.

Во, досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со можностите за  забрзување, како клучен дел од претприемачкиот екосистем за постигнување на раст и развој на бизнисите

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путиновата дигитална железна завеса: Зошто стана опасно да се биде онлајн во Русија?

Директно од големиот светски гигант Гугл („Google“), на конференцијата ќе говори Менаџерот за развој на бизнисот, Амин Сиала, а своето искуство пред присутните ќе го претстави и Никола Механџиќ од Пејонир („Payoneer”) кој работи како Раководител за Србија и централна и источна Европа.

Листата на еминентни говорници на конференцијата е збогатена и со претставник од еден од гигантите во социјалните медиуми, Петар Јевтиќ, кој како Регионален партнер за клиенти во поранешниот Фејсбук, а сегашен Мета („Meta“) oд Httpool на публиката ќе и ги разбие митовите кога станува збор за рекламирање на Мета платформите (Инстаграм, Фејсбук), главно од перформанс маркетинг гледна точка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  WhatsApp блокираше речиси 7 милиони сметки поради измама

Освен ова, во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2022 година, ќе се зборува и за можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, за правилно користење на дигиталниот маркетинг, нови технологии и автоматизација на процеси, за промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, а ќе бидат споделени и искуства од бизнисите од успешните е-трговци во регионот – Alma Raz од Босна и Херцеговина, Militaryshop и Ananas од Србија, FitKit и Paket.мк од С.Македонија и многу други.

Инаку, конференцијата годинава за првпат добива регионален карактер и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  WhatsApp блокираше речиси 7 милиони сметки поради измама

Повеќе информации за агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата, вклучувајќи ги и картите кои се пуштени во продажба, се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/ 

Loading...