Експеримент потврди: Животот на Марс, па дури и во вселената е можен

Сподели со своите пријатели

Животот на Марс, па дури и во вселената е можен. За тоа сведочат резултатите на експерименти спроведени на Меѓународната вселена станица (МСС). Меѓутоа, во таквите екстремни услови можат да преживат само најсилните бактерии, а посложените форми на живот немаат баш добри перспективи во таа смисла.

Loading...

Има ли живот на Марс? Тоа прашање веќе долго ги интересира и истражувачите и обичните луѓе. Во 2020 година руско-европски паметен робот ќе пристигне на Марс за да пронајде конечен одговор, но одговор за можноста за постоење живот на црвената планета е веќе пронајден во орбитата на Земјата, на Меѓународната вселена станица, каде во период од 2014 до 2016 година под името „Биомекс“ е спроведен експеримент во кој учествувале 30 научни институти. Резултатите покажале дека во екстремни услови на отворена вселена и атмосферата на Марс можат да преживат одредени форми на живот. Стапката за преживување на тие организми достигнува 80 отсто.

– На станицата било претставено цело „дрво на живот“. Многу древни бактерии (археи), цијанобактерии, алги, габи, лишеи и бриофити морале да се борат за осптанок на МСС, вели за Спутник, астробиолот од германскиот Аерокосмички центар Жан Пјер де Вера.

Експериментот дал недвосмислени резултати. Сложените форми на живот се помалку способни за опстанок во такви експермни услови.

– Бриофитите беа многу повредени. Преживеа само еден лист и не е јасно дали може да се користи за добивање нови клетки. Сличн резултати имаше и со лиашите, но се што се однесува на наједноставните организми изгледаше пооптимистично, меѓу едноклеточни организми преживеаа многу повеќе учесници во експериментот, меѓу 60 и 70 отсто, во некои групи дури и 80 отсто, вели Де Вера.

Како тоа е поврзано со Марс?

Loading...

– На вселенската станица имитираме услови од Марс за да видиме како организмите можат да преживат во тие услови може ли од нив да останат доволно живи материи да можат да се детектираат со помош на соодветна опрема. Руските космонаути Александар Скворцов и Олег Артемјев ги смесија примероците од организмите на специфична платформа на надворешниот дел од корпусот на рускиот сервисен модул „Ѕвезда“, појасува Де Вера.

Примероците биле одвоени од отворената вселена со такло за да не се разлетаат и изгубат во просторот.

– Меѓутоа,с таклото не штии од космичкото зрачење, а освен тоа на платформата беше присутен и вселенски вакуум. Дел од примероците биле дополнително изложени на дејството на гас од Марс зада се изедначат условите на експериментот со условите на вистинскиот Марс, истакнува астробиологот.

– Експериментот „Биомекс“ ребаше да одговори на прашањето дали Марс е насселива планета и дали е можно со помош на опрема, која во рамките на програмата „Еомарс“ наскоро ја испраќаме на црвената планета, да потврди постоење на живи организми таму, вели Де Вера.

– Веќе сега можеме да тврдиме дека има смила да се бара живот на Марс, затоа што постојат земски организми, кои можат да издржат марсовски услови, особено оние чија животна средина е земјата. Затоа во иднина „Екомарс“ ќе биде опремен со опрема за дупчење, додава тој.

Поракј тоа, научниците во рамките на експериментот „Бимекс“ успеале да испробаат техника која ќе бара живот на Марс. Таа покажала дека може ефикасно да фикстира биосигнатури.

Соговорнитко на Спутник зборува и за научниот труд кој се занимава со меѓупланетарниот пренос на живот.

– Знаеме дека имало метеорити од Марс кои паднале на Земјата, односно постојат некои видови размена на материи меѓу нас. Затоа се поставува прашањето дали марс во минатото бил населен и дали е можно живиот материјал од таму некаде да досепал на нашата планета и успеал понатаму да се развива, вели тој.

Loading...

Теориски гледано, таквите организими би требало да преживат патување многу подолго од година и пол дена колку што траел експериментот. Нивната селидба во отворена вселена би траела илјадници години. Затоа, според Де Вера, потребни се понатамошни истражувања посветени на долгорочно опстанување во вселената. На пример, бактериите би можеле да бидат засадени на Месечината, но резултатот би се контролирал дури по долга низа години.

– Би сакале во иднина да ја имплементираме нашата платформа на Месечината, вели астробиологот, кој нуди таков програм на Европската вселенска агенција.

Покрај тоа, за 2022 година, планиран е уште еден експеримент, при кој земските организми од морски длабочини ќе бидат изложени на вселенски услови.

– Суштината е во тоа во нашиот Сончев ситем околу Јупитер и Сатурн има ледени сателити, кои се извор на супстанци кои се јавуваат во вселенатаво форма на фонтани супстанци, и содржат сложени органски молекули. Ние се уште не знаеме што е тоа, но ова „нешто“ може да укажува и на постоење живот во вселената, заклучува Де Вера.

Leave a Reply