Уште пред 100 години научниците успеале да ги вкрстат човекот и мајмунот, тврди еволуционарниот психолог Гордон Галуп кој дал и термин „humanzee“ од англиските зборови за човек и шимпанза.
Кинезите успешно клонираа мајмун – луѓето би можеле да бидат следни (фото+видео)
Loading...
Галуп тврди дека неговиот професор и сега угледен научник, рекол дека успеале да ги вкрстат двете врсти во истражувачки центар во Оранџ парк на Флорида кон 20. години на минатиот век.
ЕМОТИВЕН МОМЕНТ: Шимпанза на смртна постела се поздравува за последен пат (видео)
– Оплодија шимпанза со човечка сперма од анонимен донор и тврдеа дека бременоста резултирала со породување. Меѓутоа, по неколку дена или недели започнале да ги мачат моралните и етички прашања па над тоа суштество извршиле еутаназија, рекол Галуп.
ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Една шимпанза почина, а другите изведоа погребен ритуал (видео)
Гордон Галуп инаку е угледне научник заслужен за тестот на самопрепознавање пред огледалото со кој докажал дека приматите го препознаваат својот одраз.
Шимпанза која пуши цигари е ѕвезда во зоолошката градина (фото)
Неговиот израз „humanzee“ станал популарен во 70-години кога сите зборувале за шимпанзата Оливер за која многумина сметаа дека е делумно човек.
Оливер имал ќелава и поправилна глава од останатите шимпанзи и чекорел исправено на две нозе поради што многумина биле убедени дека е хибрид.
Како шимпанзите тагуваат по мртвиот пријател? (видео)
ДНК тестот од 1996. година утврдил дека Оливер е само мајмун.