06.06.2018 13:57

Екс македонскиот репрезентативец со провокација: Куманово е Албанија!

Facebook Twitter Google+

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Таулант Сулејманов предизвика провокација на социјалните мрежи на национална основа.

Имено фудбалерот кој во меѓувреме си го смени презимето во Сафери и одлучи да игра за репрезентацијата на Албанија облече маичка на која пишува „Куманово е Албанија“ и фотографијата ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Засега не е познато како ќе реагираат ФИФА и УЕФА на ваквата провокација, со оглед на тоа дека нивните правила строго забрануваат потикнување национализам.

ФОТО: Sportmedia

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments