Економската активност во еврозоната е највисока во последните девет месеци

Сподели со своите пријатели

Економската активност во еврозоната зајакна во февруари и достигна највисока вредност во последните девет месеци, покажува истражувањето на аналитичката фирма S&P Global.

Loading...

Индексот на менаџери за набавка (PMI) се зголеми од 50,8 поени во јануари на 52,3 поени, пренесува француската новинска агенција АФП.

Опсегот на економијата на еврозоната зајакнува кога вредноста на индексот ќе надмине 50 поени, пренесува Хина.

Според наодите од истражувањето, падот на инфлацијата и отворањето на кинеската економија по строгите ограничувања поради Ковид-19 имаа стимулирачки ефект врз економската активност.

Како што оцени главниот економист на S&P Global, Крис Вилијамсон, постигнатата февруарска вредност на индексот PMI е во согласност со растот од нешто под 0,3 отсто во првиот квартал од оваа година.

„Одложувањата на испораката поврзани со пандемијата, кои ги погодија производствените капацитети во изминатите две години, беа компензирани со побрзото време на испорака. Ова значи дека моќта на цените се префрла од добавувачите кон лидерите за набавки на постројки, што ја намалува инфлацијата на индустриските цени“, рече Вилијамсон.

Тој предупреди дека комбинацијата од побрз од очекуваниот раст, како и сеуште високата, иако опаѓачка, инфлацијата ќе влијае на континуираното зголемување на каматните стапки од страна на Европската централна банка (ЕЦБ).

ЕЦБ веќе пет пати ги зголеми каматните стапки од јули минатата година и најави дека за тој потег ќе се одлучи во март, а веројатно и во следните месеци.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.