Екипи на ЕВН пречекани со закани во Слупчане при обид да ја реконструираат мрежата

Сподели со своите пријатели

Екипи на ЕВН Македонија денеска добиле закани по живот во липковското село Слупчане, јавува телевизија Алсат.

Loading...

Околу 200 селани се организирале и го блокирале влезот на селото, а упатиле и закани кон екипите на ЕВН кои се дошле да извршат реконструкција на мрежата.

Од ЕВН за Алсат изјавиле дека селото ќе се соочи со прекини во снабдување како резултат на континуирани кражби на струја, доколку не им се дозволи на екипите да работат.

Како што пишува Алсат, кражбите на струја во Слупчане изнесуваат околу милион евра годишно, или 80 отсто од потрошената електрична енергија не се наплаќа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“