„Ејжа тајмс“: Сирски нема да ѝ помогне на Украина на фронтот, познат е по големите загуби

Сподели со своите пријатели

Новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, Александр Сирски, нема да му донесе успех на Киев на бојното поле, со оглед на тоа што надалеку е познат по големите загуби на фронтот, пишува „Ејжа тајмс“.

Loading...

Сирски е поврзан со серија порази кои донесоа големи загуби на вооружените сили на Украина, вклучително и битката за Артјомовск (Бахмут), и тоа нема да доведе до клучни промени во украинската стратегија, се наведува во текстот.

Одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го смени претходниот врховен командант, Валериј Залужни, произлезе од неговата желба да ја префрли целата вина за воените неуспеси во изминатата година на генералот.

Според медиумите, Зеленски не ги земал предвид неговите претходни грешки, а разрешувањето на Залужни може да доведе и до политички ризици за претседателот.

„Дури и одржувањето на сегашниот курс подразбира се повеќе жртви од Украинците. Алтернативата што ја нуди Зеленски е поврзана со низа неизвесни резултати, кои исто така зависат од фактори надвор од негова контрола“, се заклучува во текстот.

Новиот командант на украинските вооружени сили, Александар Сирски, е познат по тоа што ја водеше армијата во „мелница за месо“ во Бахмут, испраќајќи бранови војници да се соочат со „непријателскиот оган“, пишува Политико.

Според медиумите, украинскиот воен персонал на новиот врховен командант на украинските вооружени сили му дал страшни прекари поради загубите што ги претрпеле војниците под негова команда, пренесува RT Balkan.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...