Егзекуторот на Сталин дневно убивал и по 300 луѓе

Сподели со своите пријатели

Василиј Блокхин сигурно е најефикасниот убиец на сите времиња. Главниот човек на Сталин од одделот за егзекуција никогаш не барал другите да ја обавуваат влаканата работа за него.

Loading...

Секоај вечер Василиј Блокхин на себе облекувал посебно дизајнирана кожна престилка за да крвта од жртвите не би останала по енговата облека. Би го средил својот германски Walther пиштол од кој не се одвојувал затоа што не заглавувал како советското оружје. Би навлекол ракавици и чекал стражарите да ги доведат луѓето. Еден по еден паѓале на подот. Блокхин ги решавал со куршум во тилот.

Главниот егзекутор на Сталин, немилосрдниот советски генерал во текот на Втората светска војна и за чистките на Сталин убил околу 10 илјади луѓе. Гинисовата книга на рекорди го прозива дека е „најефективен крвник во историјата“.

Мора да се признае дека конкуренцијата му била силна, но тој се издвојувал по тоа што инсистирал да лично да ги обавува сите овие валкани убиства.

За него тоа била работата од соништата

56484f1e-7b94-4cd9-a8a0-4afa0a0a0a64-staljin

Сталин лично се заинтересирал за него па така брзо дошол на чело на посебно креираната Командиторска НКВД, оддел створен за тајни убиства. Не морал да одговара никому, дури ни да пишува извештаи. Најмногу сакал да убива високопозирионирани личности, од кои во одреден момент Сталин би се решил да ги отстрани.

Сметал дека ваква суровост ќе му обезбеди восхитување од колегите, но и доверба кај инаку неповреливиот Сталин.

Loading...

Сталин беше прилично недоверлив, па со самото тоа целосно е неверојатно да овој човек толку долго останал покрај него – вели Норман М. Наимарк, професор по историја од Стефорд.

Тој додава дека за Сталин било карактеристично често да ги менува шефовите на полицијата за да не станувале непотребно моќни.

Василиј Микхаилович Блокхин е роден на 7-ми јануари 1895 година во селското семејство и сакал еден ден да стане фармер. Но, пристигнала Првата светска војна во која се борел, а кога војната завршила се придружил на Комунистичката партија, а потоа и на тајната полиција на бољшевик – ЧЕКА. Тука Сталин го воочил. Според една анагдота на еден партиски состанок дошол целиот извалкан со крв поради што присутните се вознемириле, а Блокхин им рекол дека не треба да се грижат затоа што се работи за крв од „народни непријатели“.

Масакар на Полјаците во Катинска шума

56484f20-7ddc-4a60-a01e-4afa0a0a0a64-staljinov-egzekutor

Неговиот најголем злочин бил покољот во Катинска шума во 1940 година кога по наредба на Сталин за само 28 дена убил 7 илјади полски генерали заробени во заедничката инвазија на Третиор Рајх и Советскиот Сојуз за кои е обвинета Хитлеровата Германија.

Блокхин одлучил секоја ноќ да убива по 300 луѓе па така испланирал систем по кој затворениците првин водени во црвена соба за кратка идентификација ќе им бидат врзани рацете и потоа ги водат во просторија во која се вршела егзекуцијата.

Просторијата била звучно изолирана, а подот бил накосен со одвод и црево за вода се да може да се испере крвта полесно.

Освен Блокхин околу 30 агенти на НКВД, стражари и возачи помагале во доведувањето на затворениците како и отстранувањето на телата и чистењето на траговите од крв и мозок. Сепак, Блокхин континуирано и брзо ги вршел поголемиот дел од убиствата. Некои ги извршувал неговиот помошник Андреј Рубанов. Затворениците биле доведени на убивање само преку ноќ и од самрак до зори. По убиствата се опуштал со вотка со своите колеги.

Loading...

бБлокхин за погубувањата носел актовка полна со германските Walther модел 2 пиштоли, затоа што не верувал дека советските ќе издржат толкава употреба. Додатниот бонус бил што би се олеснила подоцнежната пропаганда за обвинување на Германците. За сета работа бил награден со посебно признание.

Некои и денес го сметаат за херој

56484f24-b5bc-4129-b998-4afa0a0a0a64-ubistva-staljinov-egzekutor

Со смртта на Сталин, Блокхин останува без работа. Со десталинизацијата под Никита Хрушчов тој ја изгубил својата положба, привилегии, титули и награди. Паднал во тешка депресија, алкохолизам и дури и лудило.

Сталиновата машина за убиства бил пронајден мртов на 3-ти февруари во 1955 година. Наводно извршил самоубиство, иако неки сметаат дека новата владејачка гарнитура одлучила да го стави Блокхин под сопствен третман додека другите мислат дека полудел затоа што го прогонувале сеќавањата од убиствата. А, можеби едноставно го уништил фактот дека останал без можнос тда продолжи да ја работи истата работа која ја обожавал.

Интересно е тоа што неговиот гроб во Москва секогаш е прекриен со цвеќе. Постојат луѓе кои го сметаат за комунистички херој па му доаѓаат на гробот и оставаат цвеќе во знак на почит.