Египет ќе помогне да се евакуираат околу 7.000 странци и двојни државјани од Газа

Сподели со своите пријатели

Египет ќе помогне во евакуацијата на околу 7.000 странци и двојни државјани од Појасот Газа, соопшти денеска египетското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Помошникот египетски министер за надворешни работи Исмаил Каират изјави на состанокот со странски дипломати дека Египет се подготвува да го олесни приемот и евакуацијата на странски државјани од Газа преку преминот Рафах, објави „Тајмс оф Израел“.

Каират прецизираше дека од Газа ќе бидат евакуирани околу 7.000 припадници од повеќе од 60 националности.

Неколку стотици странци и двојни државјани во средата го напуштија Појасот Газа.

Околу 500 луѓе се очекува денеска да преминат од Појасот Газа во Египет, откако преминот Рафа беше отворен за првпат по избивањето на војната меѓу Израел и Хамас.

Како и во среда, на преминот Рафах ќе биде објавен список со околу 500 имиња на луѓе на кои им е дозволено да преминат, изготвен од Египет, објави Би-Би-Си.

Повеќе од 400 луѓе можеа да ја напуштат Газа во средата.

Некои луѓе, кои во средата отишле на преминот Рафах, не знаеле дека нема да им биде дозволен влез во Египет доколку нивните имиња не се на списокот.

Loading...

Напуштањето на Појасот Газа е особено неопходно за оние на кои им е потребна медицинска помош, бидејќи болниците снемуваат резерви, пренесува Танјуг.