Има такви што заспиваат веднаш штом ќе ги стават главите на перницата, додека други лежат и се вртат во кревет до раните утрински часови.
Но, не плашете се ако припаѓате на друга група, бидејќи американската армија откри едноставни трикови што помогнале на нивниот персонал да заспие за само две минути!
За да успеете во ова, треба да ги опуштите умот и телото и да ги следите овие чекори:
1. Опуштете ги мускулите на лицето, вклучително и вилицата, јазикот и мускулите на очите
2. Опуштете ги рамената, како и рацете
3. Вдишете и издишете длабоко, релаксирајќи ги и вашите гради
4. Опуштете ги нозете
Кога го направите ова, замислете едно од овие две сценарија:
1. Како лежите во кану на мирно езеро со ништо друго освен синото небо над вас
2. Како сте завиткани во црна кадифена мрежа залежење во темна просторија
Последниот чекор вклучува зборување. Чудно е, но тоа е дел од процесот:
Изговорете ги зборовите „не размислувај“ полека околу 10 секунди.