Едногодишно дете од Куманово заболено од морбили

Сподели со своите пријатели

Дете на едногодишна возраст од Куманово е меѓу осумте новозаболени од морбили кои биле регистрирани викендов.

Loading...

Сите заболени се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, каде моментално има вкупно 32 пациенти, од кои 17 деца и 15 возрасни. Еден од нив е со потешка состојба и се наоѓа на Одделот за интензивно лекување.

Само во изминатата седмица пријавени се нови 71 случај на мали сипаници, а вкупниот број на вакцинирани лица под 14-годишна возраст од почетокот на годината со МРП вакцината е 19.205.

Епидемија на мали сипаници има прогласена во Куманово, Скопје, Тетово, Гевгелија, Кичево и Струга.

Leave a Reply