Едно лице загина во сообраќајка на патот Крива Паланка – Деве Баир

Сподели со своите пријатели

На магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, во атар на с.Кркља, вчера околу 15:00 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(65) од Скопје и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(32) од Крива Паланка. Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повредии бил пренесен во Здравствениот дом-Крива Паланка, каде околу 15.50 часот починал, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Сопатничката од истото возило, К.С.(65) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена и задржана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Leave a Reply