Едно лице загина, три се ранети во престрелка во Вашингтон

Сподели со своите пријатели

Еден маж е убиен, а три лица се ранети во вторникот вечерта во престрелка во Вашингтон, соопшти американската полиција, додавајќи дека меѓу ранетите има и осумгодишно дете.

Loading...

Градската полиција соопшти дека мажот бил прогласен за мртов на местото на пукањето околу 18 часот по локално време, пренесе АП.

Останатите двајца мажи се здобиле со прострелни рани, а детето најверојатно било погодено од заскитан куршум.

По пукањето, полицијата трага по најмалку тројца осомничени, меѓу кои и возачот на теренецот и двајца мажи кои излегле од возилото во сообраќајот и застрелале тројца возрасни мажи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Со ова пукање, пет деца во округот D.C. беа жртви на оружено насилство за помалку од 48 часа.

Три деца беа ранети во пукотница во понеделникот, а 17-годишен тинејџер беше убиен пред метро станица.