Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18,40 часот во Куманово на улицата „Доне Божинов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„Пежо 206“ кумановски регистарски таблици управувано од М.Б.(21) од с.Сопот-кумановско и мопед „АПН 4“ управуван од Р.М. (69) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Р.М и на истиот му била укажана медицинска помош во Медицинскиот Центар во Куманово, каде бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.