Едно лице рането во престрелката во Куманово

Сподели со своите пријатели

Едно лице се здобило со прострелни рани во двете нозе во престрелката што попладнево се случила во центарот на Куманово, кај улицата „Борис Кидриќ“.

Loading...

Како што информираа од кумановската болница во 17:38 часот кај нив со возило на Итна медицинска помош било донесено едно повозрасно машко лице со две прострелни рани на двете нозе.

 

 

По пружање на првична помош, лицето со медицински персонал, поради сериозноста на повредите било однесено на Клиниката за васкуларна хирургија во Скопје.

Од СВР Куманово го потврдија случајот, но со повеќе детали ќе излезат по завршување на увидот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Според неофицијални информации, повредениот е на возраст од педесетина години.

Loading...

Никола Ивановски