Едно лице повредено при судир на автомобил и камион на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишник од Скопје се здобил со повреди при судир на автомобил и камион на патот Куманово – Крива Паланка.

Возачот на камионот избегал.

– На 05.09.2025 година во 16.49 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “нисан” со скопски регистарски ознаки управувано од Л.С. (57) од Скопје и товарно моторно возило кое го напуштило местото на незгодата, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Loading...

Како што додаваат од МВР, при што во незгодата со телесни повреди се здобил Л.С. , а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на товарното моторно возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен жител на Слупчане во Куманово: Возел со 1,59 промили алкохол

Никола Ивановски