Едно лице е потешко повредено во незгода на излез од Куманово кон Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во сообраќајната незгода што се случи вчеранавечер на крстосницата помеѓу регионалниот пат Куманово – Свети Николе и булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, едно лице поминало со потешки повреди, додека кај останатите три лица се констатирани полесни телесни повреди.

Во несреќата учествувале два автомобили „Југо“ управуван од 30-годишната Р.К и „Шкода“ управуван од 38-годишниот З.П.

Во несреќата се повредени двајцата возачи и двете сопатнички, од кои едната е со тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршиле екипи на СВР Куманово кои работат на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.