Една од најмладите, но и најчудни престолнини во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Главниот град на Мјанмар не ни постоел на крајот на 20 век, а денес зафаќа површина неколку пати поголема од територијата на Њујорк.

Loading...

Непјидо е изграден во тајност, а веста за неговото постоење беше откриена во јавноста во првата деценија на 21 век, кога изградбата веќе беше завршена.

 

 

Градот, кој е на околу девет часа возење од Рангун, поранешниот главен град, не личи на ниту една друга средина во оваа сиромашна земја, каде секое трето дете е неухрането.

Во слободен превод, името на овој град значи „главен град на кралевите“ или „кралски град на сонцето“, а претходно „Непјидо“ бил збор што се користел за опишување на градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Chat-GPT го користа 300 милиони луѓе неделно

Државниот совет за мир и развој на воената хунта ангажираше дури 25 компании за оваа необична работа, а преместувањето на министерствата од Рангун во Непјидо започна во 2005 година.

Loading...

Некои го опишуваат градот како проект на Тан Шве, висок генерал и поранешен воен диктатор на Мјанмар.

Непјидо зафаќа површина од 7.054 квадратни километри – неколку пати поголема од Њујорк, и сè во него изгледа големо.

Широките улици имаат и до дваесет ленти, а има и сафари парк, зоолошка градина, најмалку четири терени за голф…

Се чини дека градот има се. ОК, освен луѓе.

Патиштата честопати се целосно пусти и, ако долго гледате во хоризонтот, нема да видите ништо што се движи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Chat-GPT го користа 300 милиони луѓе неделно

Според официјалните податоци, во овој град живеат околу еден милион луѓе, но многумина се сомневаат дека точната бројка е далеку помала.