На денешен ден, пред точно десет години, Куманово беше во центарот на едно од најтешките безбедносни случувања во поновата историја на Македонија.
На 9 мај 2015 година, во кумановската населба Диво Насеље започна вооружен судир меѓу специјалните полициски единици и добро организирана и вооружена група.
Операцијата траеше повеќе од 30 часа. Во борбите загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили, а над 30 беа повредени.
Според официјалните извештаи, убиени беа и десетици членови на вооружената група, а дел од нив беа приведени и осудени на високи затворски казни.
Настанот отвори бројни безбедносни, политички и општествени прашања кои и денес, по десет години, остануваат предмет на јавен интерес.
Жителите на Куманово сè уште ги паметат деновите на страв, експлозии и неизвесност.
Семејствата на загинатите и јавноста, пак, секоја година повикуваат на сеќавање, но и на целосно расветлување на мотивите и позадината на настанот.
Во антитерористичката акција храбро загинаа бранителите: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.
Никола Ивановски