Единственото место во светот каде немаат слушнато за корона

Сподели со своите пријатели

Тим научници отпатуваа за Куре во февруари годинава, а во моментот кога се вратија, т.е. осум месеци подоцна, тие биле шокирани од состојбата во која го пронашле светот.

Loading...

Атолот Куре во Тихиот океан во рамките на северозападните хавајски острови може да биде последното место во светот што слушнало за пандемија на коронавирус.

 

 

Станува збор за резерват за животни управувана од Одделот за земјиште и природни ресурси на државата Хаваи, каде живеат стотици морски птици и фоки. Никој не живее на островот, па управата секоја година испраќа тимови на волонтери и експерти за да ја проверат ситуацијата.

Нивната задача е да се грижат за загрозените животни, но и да ги отстранат агресивните растителни видови кои го загрозуваат екосистемот.

Четиричлен тим истражувачи во Куре немал пристап до телевизија или мобилен сигнал. Пристапот до интернет бил исклучително ограничен и тие можеле да го користат само за да ги прочитаат најнеопходните пораки што ги добивале преку е-пошта од пријателите и семејството.

Loading...

 

 

Се разбира, за време на нивниот осуммесечен престој, тие слушнале за коронавирусот, но не можеле да знаат колку вирусот влијаел на целиот свет. Особено што научниците шетале по островот без маски или без потреба од дистанца.

Доаѓа нова реалност: Ковид – пасош

„Помеѓу болести како САРС и свински грип, мислев дека ова е само следното нешто во низата. Ништо посебно. Мислев дека сè ќе заврши кога ќе се вратиме дома”, рече членот на тимот Метју Батсек за Си-Ен-Ен.

 

Loading...

 

Тој погреши.

Иако тимот со нетрпение очекувал да се врати во цивилизацијата и свежата храна, тие биле шокирани од новото нормално, карантинот, носењето маски и другите мерки.

На единствената личност во тимот која не живее во САД – Наоми Вустер од Нов Зеланд, ѝ недостасува сосема неочекувана работа.

„Чудно ми е. Откако се вратив дома не добив ниту една прегратка”, призна Наоми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kure Atoll (@kureatollconservancy)

Leave a Reply