Единствено место во светот каде цел град живее во една зграда! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Живописните пејзажи на ледената Алјаска обично не вклучуваат катни комплекси, а особено не зграда од 14 ката во која живеат над 200 луѓе, или сите постојани жители на овој мал град во близина на Енкориџ.

Loading...

Витијер е многу посетен во лето и е преполн со луѓе, додека во зима е скоро целосно затворен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by whittier alaska (@whittieralaska)

Во него живеат луѓе кои се работно поврзани со пругата, на која припаѓа скоро целото земјиште во оваа област.

Тоа е една од причините зошто секој што живее тука, живее во иста зграда, не може да купи земјиште за куќи. Сепак, би се рекло дека жителите на овој град воопшто не им пречи да живеат под ист покрив.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by whittier alaska (@whittieralaska)

Loading...

– Ова е мал град, сè е во една зграда – вели еден од жителите на Витијера.

– Оваа зграда има 14 ката, изградена е за време на Втората светска војна, изгледа малку како хотел, а ние што живееме тука цела година имаме сè што ни треба. Ние дури и не треба да ја напуштаме зградата со недели. На приземјето има пошта, градска администрација, продавница каде што можеме да купиме се што е потребно, имаме и клиника на третиот кат. За нас е цел град под истиот покрив. Имаме и училиште, кое е поврзано со зградата во која живееме преку подземни премини и тунели. Сите сме како едно големо семејство – велат жителите.

 

Leave a Reply