Сподели со своите пријателиПратеничката на Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Кријемади се обиде да го погоди со чевел премиерот Еди Рама во парламентот каде се водеше бурна расправа заименување на нов државен обвинител, пренесуваат албанските медиуми. Премиерот на Албанија го заштитило обезбедувањето со чадор. Опозицијата претходно фрли и солзавец непосредно кон Рама. Исто така опозициските пратеници со хартија го гаѓаа и претседателот на Парламентот Илир Мета. Опозицијата тврди дека изборите се нелегални и бараат формирање специјална комисија која би избрала нов државен обвинител. Истовремено, пред парламентот дошло до судир на приврзаниците на опозицијата кои се обиделе да влезат во зградата на парламентот и да ја прекинат седницата посветена за именување нов привремен јавен обвинител. Полицијата соопштува дека судирот го спречиле шестмина полицајци, но не навела колку граѓани се повредени. Органите на редот, како се наведува, работ на идентификација на насилниците. Пред парламентот се собрале околу 3.000 демонстранти кои носеле американски и знамиња на Еу и извикувале пароли против владата. Тие изборот за нов обвинител го сметаат за неуставен. Демонстрантите успеале да го пробијат првиот ред од кордонот, но полицијата ги одбила. Потоа демонстрантите врз полицијата фрлиле и димни бомби. 2017-12-19