Еден тешко повреден и четири оштетени автомобии во собораќајка во кумановско

Сподели со своите пријатели

На автопатот Куманово – село Табановце, кај селото Долно Конјаре, вчера околу 17 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(53) од селото Ваксинце и патничко возило „дачија логан“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(23) од селото Табановце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Притоа, како што додаваат од полицијата, возилото „мерцедес“ удрило и во паркирано товарно возило „фиат дукато“ со кумановски регистарски ознаки, сопрено од С.С.(45) од село Оризаре, општина Липково и паркирано патничко возило „форд галакси“, со кумановски регистарски ознаки, сопрено од И.Р.(45) од селото Черкези, кумановско и во И.Р., кој бил до возилото.

Во незгодата И.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply