Еден починат од Липково и четири нови случаи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Центарот за јавно здравје Куманово денеска регистрира четири нови случаи на коронавирус и едно починато лице како последица од вирусот.

Loading...

Како што информираше директорот на ЦЈЗ Куманово Ариф Љатифи сите четири случаи се од Куманово, а во Липково и денеска нема новозаболени.

Починат е маж на 65-годишна возраст од липковско.

Во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 63

-Куманово 4

-Дебар 6

-Штип 4

Loading...

-Прилеп 2

-Тетово 14

-Струга 6

-Велес 2

-Битола 1

-Охрид 4

-Гостивар 12

-Свети Николе 1

Loading...

-Кичево 1

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од:

-Скопје 82

-Штип 1

-Тетово 30

-Струга 2

-Битола 2

Loading...

-Гостивар 2

-Кочани 4

-Пехчево 1

-Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569.

Loading...

Leave a Reply