Еден од териростите во Париз минувал низ Македонија како мигрант

Сподели со своите пријатели

Како што пренесуваат медиумите дел од напаѓачите кои ги извршија грозоморните терористички напади во Франција, границата ја минале како мигранти движејќи се по целата балканска рута, минувајќи и низ Република Македонија.

Loading...

Кај еден од нив е најден сириски пасош на име Ахмед Алмухамед. Врз основа на тој пасош, француската служба на безбедност побарала помош од балканските служби, врз основа на што се утврдило дека Алмухамед влегол во Грција на 3 октомври, а преку Македонија на територијата на Србија влегол на 7 октомври.

Регистриран е во центарот на Прешево каде формално побарал азил. Потоа го продолжил патот и преку Србија влегол во Хравтска, па во Австрија, од каде се упатил во Париз.

Претходно грчкото Министерство за внатрешни работи рече дека еден од осомничените за терористичките напади во Париз можно е да влегол во Европа како бегалец. Грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Тоскас изјави дека носителот на сирискиот пасош, кој е пронајден до трупот на еден од бомбашите, поминал низ Грција во октомври.

Според извор од грчката полиција носителот на пасошот бил млад маж, пристигнал на островот Лерос со брод од Турција заедно со група од 69 бегалци и отпечатоците му биле земени од грчките власти.

фото: блиц.рс

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.