Еден месец од земјотресите во Турција и Сирија: Болка и страв кои никогаш нема да исчезнат

Сподели со своите пријатели

Пред еден месец Абдула Сенел имал челични нерви. Но, деновиве престојот во затворен простор го прави нервозен, а потребен е само звук на авион кој лета над него за да го разнервира.

Loading...

Сето ова е последица на разорните земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија пред еден месец.

„Порано бев бестрашен, но сега е доволен само еден звук да ме исплаши“, изјави 57-годишниот поранешен кревач на тегови за Франс прес.

„Сè ме потсетува на земјотрес, дури и звукот на авионите“, рече тој.

Минатомесечниот разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер срамни цели градови и остави повеќе од 50.000 мртви во урнатините низ југоисточна Турција и делови од северна Сирија.

Во Кахраманмарас, турски град во близина на епицентарот на земјотресот, преживеаните ги прогонува траумата уште еден месец.

„Помина еден месец, но мене ми е како вчера“, рече Адем Серин додека гледаше како тешката механизација ги отстранува купиштата урнатини од висококатниот комплекс каде што стотици луѓе ги загубија животите.

„Земјотресот ме најде на 11 кат од зградата. Сè уште ги слушам криците на луѓето кои плачат за помош на секој кат. Оваа болка никогаш нема да помине“, вели Серин, чија сопруга е бремена во петтиот месец.

Loading...

Напорите за расчистување на урнатините сега доминираат во градот со 1,1 милион жители.

Прашината се гледа од неколку километри, а надлежните велат дека дневно се отстрануваат од 200 до 250 тони отпад.

 

 

„Ние наводнуваме за да не и наштети на животната средина и да не создаде прашина… Мислам дека се ќе биде направено за 10 дена“, рече Ерен Генц од Управата за шумарство во источната провинција Сивас.

Операторите понекогаш наидуваат на вредни предмети додека работат на расчистување на урнатините.

Левент Топал, од Управата за управување со водите во Црното Море, рече дека неговиот тим забележал сеф полн со долари, евра, злато и документи во урнатините.

Loading...

„Никогаш не ги допираме. Го предаваме на полицијата која го наоѓа сопственикот“, рече тој.

54-годишен маж ризикувал и се искачил на седмиот кат од својата зграда за да ги извади своите работи – и покрај опасноста и повеќе од 11.000 последователни потреси кои следеле по првиот разорен.

„Знам дека е ризично“, призна Вели Акгоз додека натоваруваше врати и други предмети на покривот на својот автомобил.

Целото негово 13-члено семејство, кое живеело во пет различни апартмани, сега ќе се стиска во една фарма.

Официјални лица велат дека речиси два милиони луѓе кои останаа без покрив над главата од земјотресот сега се сместени во шатори, бродски контејнери, куќи за гости или студентски домови во регионот и пошироко, но тоа не е доволно за да се задоволат потребите на многу други.

Некои луѓе и покрај предупредувањата на надлежните, ноќта ја минуваат во оштетени куќи поради немањето шатори, пренесува Кликс.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.