ЕЦБ би можела да ги зголеми каматните стапки

Сподели со своите пријатели

Официјални лица на Европската централна банка (ЕЦБ) сигнализираа значително ново зголемување на каматните стапки во еврозоната во септември, во услови на постојано висока инфлација и знаци на губење на довербата во централните банки.

Loading...

На седницата во јули, ЕЦБ ги зголеми клучните каматни стапки за половина процентен поен, а сличен или уште поголем пораст се очекува на седницата закажана за 8 септември, пренесува SEEbiz.

Членот на извршниот одбор на ЕЦБ Изабел Шнабел, гувернерот на француската централна банка Франсоа Вилерој де Галхау и неговиот латвиски колега Мартинс Казакс кон крајот на минатата недела се залагаа за остри или значајни потези.

„И веројатноста и цената за вкоренување на тековната висока инфлација во очекувањата се непријатно високи“, рече Шнабел на неформалниот собир на банкари и финансиски службеници во Џексон Хол во САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Таа додаде дека во таков амбиент, централните банки мора да преземат силни потези.

Летонскиот гувернер смета дека ЕЦБ треба да размисли за зголемување на каматните стапки за половина и три четвртини од процентниот поен.

„Од сегашна перспектива, таа треба да се зголеми за најмалку 50 базични поени“, рече Мартинс Казакс.

Тој предупреди и на заканата од рецесија.

Loading...

„Со високата инфлација што ја имаме, ќе биде тешко да се избегне рецесија, ризикот е значителен и техничка рецесија е многу веројатна“, рече Казакс.

ЕЦБ ја поддржува економијата со пониски каматни стапки. Во моментов тие сѐ уште се далеку од неутралното ниво кое според проценките на економистите е околу 1,5 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Во јули централната монетарна институција на еврозоната ја зголеми каматната стапка на банкарските депозити на нула проценти. Каматната стапка за кредитите преку ноќ на банките е зголемена на 0,75 отсто, а за рефинансирање на банките на 0,5 отсто.

Вилерој смета дека неутралното ниво на каматните стапки треба да се постигне пред крајот на годината, а Казакс во првиот квартал од следната година.

„Според мене, би можеле да достигнеме неутрални стапки пред крајот на годината, по уште еден значаен потег во септември“, рече Вилерој.

Шнабел, исто така, предупреди дека очекувањата за инфлација би можеле да го надминат целното ниво на среден рок од два отсто.

Таа исто така нагласи дека јавноста почнува да ја губи довербата во централните банки, покажуваат анкетите на јавното мислење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Во интервјуто во средината на август, таа ја истакна и можноста за рецесија во еврозоната.

Loading...

„Постојат силни знаци дека растот ќе се забави и не би ја исклучил можноста за влегување во техничка рецесија, особено ако дополнително се намали снабдувањето со енергија од Русија“, рече Шнабел.

Таа додаде дека рецесијата ќе ги ублажи ценовните притисоци, но нема да биде доволно само по себе да ја врати инфлацијата на целното ниво.

„Дури и да влеземе во рецесија, малку е веројатно дека инфлаторните притисоци сами по себе ќе се намалат“, заклучи тогаш Шнабел.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.