Американскиот онлајн малопродажен гигант eBay објави дека повеќе нема да наплаќа од малите продавачи во Германија провизии за регистрација или продажба за да им обезбеди дополнителен извор на приход за време на кризата.
Провизијата и котизацијата ќе се укинат утре, на неопределено време и ќе ја отстранат најголемата пречка за малите продавачи на eBay.de, нагласија оттаму, истакнувајќи дека одлуката нема да влијае на надоместоците што ги плаќаат малопродажните компании.
Досега продавачите плаќаа провизија од 11 отсто и фиксна провизија од 0,35 евра
Досега eBay на продавачите им наплаќаше провизија од 11 отсто и фиксна провизија од 0,35 евра.
Од компанијата посочуваат дека одлуката се однесува само на Германија, третиот најголем пазар на eBay по промет, по САД и Велика Британија.
Така, eBay Германија всушност инвестира на германскиот пазар, изјави извршниот директор Оливер Клинк.
Овој потег треба да ја поттикне приватната продажба и да ја збогати понудата на германски eBay за да го направи пазарот поатрактивен, рече Клинк.
„Гледаме дека приватните продавачи се многу поактивни и како купувачи. Оние кои продаваат на eBay купуваат двојно повеќе од купувачите кои се ограничуваат само на купување“, објасни тој.
Шеф на eBay во Германија: Многу семејства немаат доволно пари
Иницијативата е добредојдена, имајќи ја предвид актуелната економска клима, изјави шефот на германската филијала на eBay.
„Живееме во време кога многу семејства немаат доволно пари“, додаде тој.
Репрезентативното истражување нарачано од YouGov покажа дека поради енергетската криза, инфлацијата и други неповолни околности, на семејствата во Германија им недостасуваат просечно 180 евра месечно, изјави првиот човек на eBay.de.
Затоа во Германија има голема потреба од дополнителен извор на приходи, преку приватна продажба, појасни тој.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.