Е ова е храброст и адреналин: Возење на „зип лајн“ со 150 километри на час (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во срцето на масивот Хаџар или Камените планини, како што сè уште се нарекуваат во Обединетите Арапски Емирати, се наоѓа најдолгиот „зип лајн“ во светот.

Loading...

Зип лајнот е долг околу 2,7 километри, а оние што се спуштаат можат да достигнат брзина од 150 километри на час.

Љубителите на авантури се спуштаат преку зип-линијата во позиција „Супермен“.

За сите што ќе се решат за оваа авантура, за нив се грижат професионалци кои им даваат упатства и им помагаат да се поврзат безбедно. Дури тогаш започнува летот на надморска височина од околу 1.700 метри.

Спуштањето нуди одличен поглед на планинскиот масив и карпестите врвови и долини на Камената планина.

Возењето по овој зип лајн се вика „Jebel Jais Flight“ и трае околу две минути.

 

Loading...

Leave a Reply