Што најчесто цртате кога сте на состанок, разговарате на телефон? Овие форми доаѓаат од вашата потсвест и кажуваат многу за вас. Тие откриваат дали сте осамени, што ве мачи, што сакате …
Животни
Ова може да биде показател за емоциите што ги доживувате тој ден. Ако е тигар или волк – покажува како ја криете агресијата. Цртежот на зајак или верверица е знак дека човекот копнее некој да му помогне и заштити. Ако постојано го цртате истото животно, тоа покажува дека се споредувате со него, што може да биде одраз на вашето однесување или личност.
Човечки ликови
Цртањето едноставни човечки облици може да покаже колку се чувствувате беспомошни или сакате да избегнете одговорност за нешто. Ако цртежите на луѓето се подетални, тоа е знак дека сте емотивно нестабилни и сакате да се разделите, да се изолирате од другите луѓе.
Квадрати, геометриски форми
Тоа покажува дека имате силни цели и верувања и дека генерално не го криете мислењето за другите, како и дека сте упорни во се.
Ѕвезди
Сакате да бидете во центарот на вниманието и многу е важно да бидете забележани. Ако ѕвездите што ги цртате имаат многу различни точки или се одвоени една од друга, тоа може да биде знак за тоа колку сте депресивни.
Шаховска табла
Ова може да покаже како сте се нашле во многу непријатна ситуација. Ако често цртате шаховска шема, веројатно страдате од лични проблеми кои се скриени во вашиот ум, а се поврзани со неможноста да се справите со нив. Исто така, можно е сериозно да се сомневате во патот по кој сте тргнале во животот.
Кругови и прстени
Ова покажува дека имате желба да се поврзете со други луѓе и да работите со нив. Тие се знак дека се чувствувате осамено и исклучено од остатокот од светот, како и дека не добивате доволно внимание од другите.