ДЗС: Граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено

Сподели со своите пријатели

Дирекцијата за заштита и спасување, согласно Законот за заштита и спасување и Законот за шумите, презема мерки и активности за превентивно делување во заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во наредниот период.

За поуспешна заштита од настанување на евентуални пожари, Дирекцијата за заштита и спасување известува дека со зголемување на надворешните температури и настапување на сушниот период е зголемена и опасноста од настанување на шумски пожари и други пожари на отворен простор и дека ваквата состојба наложува поголема будност на сите граѓани и субјекти во заштитата од пожари.

Како неопходни мерки за намалување на опасноста од настанување на шумски и други пожари на отворен простор,Дирекцијата за заштита и спасување ги посочува следниве предупредувања до сите граѓани на Република Македонија:

  • Да не се пали оган во шуми, на отворен простор и на необезбедени места

  • Да не се палат стрништа,меѓи и други површини

  • Да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад

  • Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал

  • Да не се фрлаат остатоци од цигари

  • Земјоделската и друга механизација да биде технички исправна и опремена со пропишаните средства за почетно гасење на пожари

Во случај на опасност од настанување или веќе настанат пожар,граѓанинот е должен да ја отстрани опасноста, односно да го изгасне пожарот, а доколку не е тоа во можност, веднаш да ја извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефони 193 или Полицијата на тел.192.