ДЗС: 22.481 домаќинства корисници на социјална парична помош

Сподели со своите пријатели

Во 2019 година во земјава имало 15.376 малолетни и вкупно 50.159 поолнолетни корисници на социјална заштита. Во истиот период регистрирани се и 22.481 домаќинства, корисници на социјална парична помош, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имале услугите на социјална работа кои изнесуваа 49,7 отсто, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаа услугите за социјална заштита кои изнесуваа 84,1 проценти.

Според ДЗС, во 2019 година, 22.481 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош. Со Законот за социјална заштита, од 2019 година се воведе гарантирана минимална помош. Во 2019 година, бројот на корисници на гарантирана минимална помош изнесуваше 22.126.

Славица Стефановска

Leave a Reply