Ѕирнете во јахтата на Путин вредна 100 милиони долари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Веб-страницата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави низа документи кои наводно докажуваат дека сопственик на луксузната јахта „Грејсфул“ е рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

 

 

Како изгледа внатрешноста на јахта вредна речиси 100 милиони евра?

Како што објави Navalny.com, јахтата „Graceful“ наводно е во сопственост на Владимир Путин.

 

 

Loading...

Нејзината вредност е 100 милиони долари (92,5 милиони евра), а на почетокот на 2022 година беше на поправка во Хамбург, Германија.

 

 

Пред 100 години во ова познато бродоградилиште беше изградена 136-метарската јахта „Саварона“, која му припаѓаше на Мустафа Кемал Ататурк.

 

 

Loading...

Во 1934 година тука била изградена јахта за нацистичкиот водач Адолф Хитлер.

 

 

„Шеиците и руските олигарси, исто така, ги градат и сервисираат своите јахти овде“, пишува Navalny.com.

 

 

Loading...

Откако јахтата „Graceful“ беше преместена од Германија, непосредно пред почетокот на агресијата врз Украина, веројатно во страв од санкции и конфискација, минатата година во септември беше забележана во естонските води, на пат од Санкт Петербург кон Калининград, во придружба од брод на руската крајбрежна стража под команда на Федералната служба за безбедност ФСБ.

 

 

Navalny.com тврди дека специјален натпис на телефонот Prestige-CB, кој се наоѓа во внатрешноста на јахтата и не може да се купи, ја докажува сопственоста на Путин.

 

Loading...

 

Јахтата има хелиодром, голем салон со тркалезна маса за 12 лица, лифт и голема када.

„Graceful“ има и луксузна дневна соба со пијано, базен и кино.

 

Loading...

 

Наводно Путин ги поседува јахтите „Олимпија“ и „Шехерезада“.

 

Loading...

 

Првата е проценет на 50 милиони долари (46,2 милиони евра), а втората на 700 милиони долари (647,7 милиони евра).

 

 

Јахтата „Graceful“ е изградена во 2020 година, а нејзиното реновирање лани чинело 32 милиони евра.

Loading...