Џонсон: Путин прави бавен, но опиплив напредок во Донбас

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин прави бавен, но опиплив напредок во украинскиот регион Донбас.

Loading...

 

Проруските сепаратисти тврдат дека окупирале стратешки важен град во Украина

 

„Се плашам дека Путин, по голема цена за себе и за руската армија, продолжува полека да го освојува теренот во Донбас“, изјави Џонсон за ТВ Блумберг, пренесе Ројтерс.

 

Северна Кореја има најниска стапка на смртност од коронавирус, научниците се сомневаат во бројките

 

Loading...

„Тој продолжува да постигнува постепен, бавен, но се плашам од опиплив напредок, и затоа е апсолутно витално да продолжиме да обезбедуваме воена поддршка на Украинците“, рече Џонсон, пренесе Танјуг.