Британскиот премиер Борис Џонсон повторно ќе го распушти парламентот на 8 октомври, објави Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори.
Loading...
Џонсон ќе го стори тоа пред објавувањето на новиот законодавен план, на 14 октомври, пренесува Ројтерс.
Минатата недела британскиот Врховен суд донесе пресуда дека суспендирањето на парламентот по барање на премиерот Џонсон е нелегално.
Џонсон побара британскиот парламент да биде суспендиран од 10 септември до 14 октомври, а кралицата Елизабета Втора го прифати неговото барање.