Џонсон планира да изгради мост меѓу Шкотска и Северна Ирска

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека размислува за изградба на мост долг 35 км што ќе ги поврзе Шкотска и Северна Ирска.

Loading...

Идејата за изградба на мост помеѓу југозападна Шкотска и Северна Ирска се расправаше со години, а беше објавено дека британскиот премиер им кажал на официјалните лица да спроведат физибилити студија.

„Разговарав минатата ноќ за изградба на мост од Странраер во Шкотска до Ларн во Северна Ирска“, им рекол Џонсон на новинарите.

„Тоа би било многу добро. Тоа би чинело само 15 милијарди фунти“, рекол британскиот премиер.

Телевизијата Канал 4 објави дека тие се стекнале со увид во документите со кои Џонсон ги повикал официјалните лица да ги „истражат можностите“ за изградба на мостот, да направат проценка на ризик од проектот и финансиски план.

Ризиците вклучуваат „куршуми во Ирското море“ кои се наоѓаат уште од Втората светска војна.

Идејата за изградба на мост била истражена во 19 век и владата на поранешната премиерка Маргарет Тачер ги проучувала плановите за мостот во 1980 година, објави Канал 4.

Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, тесно сојузничка со конзервативците на онџон, ја поддржува идејата за изградба на мост уште од 2015 година.

Loading...

Некои експерти изразија загриженост за длабочината на Ирското море и честото невреме.

Leave a Reply