Џонсон на одмор, Британија во криза

Сподели со своите пријатели

Во време кога Британија минува низ неколку кризи, вклучително и историска инфлација и суша, премиерот во заминување Борис Џонсон го започна својот втор одмор за две недели и ги поттикна критиките дека создава вакуум на врвот на земјата додека го чека својот наследник.

Loading...

Во последните недели Џонсон ги пропушти итните состаноци за невидените горештини што ја зафатија Велика Британија, ја игнорираше прославата на репрезентацијата на Англија на Европското првенство во фудбал за жени за да ужива на одмор во планините во Словенија и пропушти важни состаноци, пренесува лондонски Индепендент.

Џонсон денеска беше фотографиран во супермаркет во предградието на Атина со неговата сопруга Кери, додека во исто време камион за преселување беше паркиран пред неговата резиденција во Лондон на Даунинг стрит 10.

– Премиерот неделава е на одмор – потврди неговиот портпарол и посочи дека премиерот и кога е отсутен останува „информиран за сите итни прашања и носи одлуки“, особено кога се работи за прашања од националната безбедност.

Одморот на Џонсон во Грција е организиран бидејќи британската јавност очекува актуелниот премиер да го исполни ветувањето дека ќе остане на функцијата додека не биде назначен нов лидер на Конзервативната партија.

Во конкуренција за лидерската позиција на конзервативците останаа само двајца кандидати, актуелната шефица на дипломатијата Лиз Трус, која важи за фаворит, и поранешниот министер за финансии Риши Сунак.

Британската политичка јавност му замерува на Џонсон што отсуствувал во време кога неговите сонародници страдаат од нагло зголемување на трошоците за живот, особено од огромни поскапувања на струјата и бензинот, а се поголем број работници штрајкуваат поради ниските плати. и лошите услови за работа, пишуваат британските медиуми.

Прогнозите за натамошно зголемување на цените во октомври и потоа во јануари, заедно со предупредувањето на централната банка за размерите на кризата што ја чекаат британската економија, поттикнаа бројни повици за итна акција.

Loading...