Џил Бајден позитивна на Ковид

Сподели со своите пријатели

Првата дама на САД, Џил Бајден, е позитивна на тестот за Ковид-19 и има благи симптоми, објави Белата куќа.

Loading...

Џил Бајден, која има 71 година, беше негативна во понеделникот, но ПЦР тестот направен откако таа имаше симптоми слични на настинка беше позитивен, рече нејзината портпаролка Елизабет Александар.

Првата дама на САД, како и претседателот Џо Бајден, прими две дози од вакцината и два „бустери“.

Нејзе и е препишан лекот Pfizer paxlovid и ќе биде во изолација најмалку пет дена.

Семејството Бајден од 10 август се на одмор во Јужна Каролина

„Таа моментално се наоѓа во приватна резиденција во Јужна Каролина и ќе се врати дома откако два последователни тестови ќе бидат негативни“, рече нејзината портпаролка во изјавата, пренесе Гласот на Америка.