Џес Бејли: Граѓаните на Куманово успеаја да останат сплотени за време на нападите (видео)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на САД, Џес Л. Бејли, придружуван од Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денес оствари официјална посета на Општина Куманово, каде се сретна со Градоначалникот Зоран Дамјановски и Началникот на СВР Куманово, Моме Јакимовски.

Loading...

[huge_it_gallery id=”56″]

Дојдов во Куманово за да учествувам во одбележување на имплементација на проект од областа на земјоделството, но, не можев во услови кога градот пред само две недели преживеа траума, да не го посетам градоначалникот, полицијата и граѓаните на Куманово кои останаа заедно во тие моменти, изјави Џес Бејли по средбата со претставниците од СВР Куманово.

– Изразив мое сочуство до сите чинители и до граѓаните за големите загуби, како и поради траумата која ја преживеаја пред две недели. Но, тоа што е најбитно, а што ме трогна е начинот на кој граѓаните ги отфрилја тезите дека се работи за меѓуетнички конфликт, и тоа е многу битна порака. Денес сум во Куманово за да го потврдам пријтелскиот однос на САД кон Македонија, но и да разговарам со претставниците на локалната самоуправа на градот, истакна Бејли.

Министерот Чавков се заложи за надминување на досегашниот прекин на комуникација на релација Општина – СВР Куманово, изјави по средбата градоначалникот Дамјановски.

– Денес ги запознавме претставниците на МВР за одлуката, локалната самоуправа да помогне со донација на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили за време на акцијата во Куманово, истакна Дамјановски.

Loading...

По посетата на локалната самоуправа и СВР Куманово, Амбасадорот на САД се упати во нас. Тоде Мендол со обиколка на разурнатите куќи за време на вооружениот напад.

 

Leave a Reply