Џеф Безос, иноватор и експлоататор на работниците, го напушти кормилото на Амазон

Сподели со своите пријатели

Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, го напушти Амазон во неделата, оставајќи трајно наследство откако започна продажба на книги преку интернет од гаража во Сиетл и го претвори својот проект во една од најмоќните светски корпорации.

Loading...

Овој 57-годишник во февруари објави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на Амазон во третиот квартал од оваа година, а агенциите објавија дека сопственикот и основачот на компанијата ќе му ја препушти напнатоста со незадоволни работници на неговиот наследник Енди Џеси да има повеќе време за филантропија, уредување весници и вселенски дуел со Илон Маск, човекот кој го симна од позицијата најбогат човек на светот на почетокот на оваа година.

Тој, сепак, ќе ја задржи една од клучните улоги во одделите за технологија и е-продажба во тој деловен гигант што го лансираше пред 27 години.

 

 

За 20 јули Безос најави и вселенско патување.

Неговите соработници го фалат како голем иноватор во областа на продажба на книги, онлајн малопродажба, клауд-компјутер и достава до дома, но од друга страна тој е демонизиран поради односот и третманот на работниците, дури милион од нив, и одредени деловни практики кои ја уништија конкуренцијата.

Loading...

Светскиот гигант на малопродажба преку интернет, во времето на пандемијата, бележи зголемување на профитот, но и критики за ефективноста на безбедносните мерки што се користат за заштита на здравјето на вработените, од кои некои беа отпуштени по критиките кон Безос.

Затоа, судот во Нантер, Франција, во април 2020 година, нареди привремено затворање на сите шест магацини на Амазон во Франција и ги забрани сите испораки, освен оние што се потребни.

Компанијата се најде под критики низ целиот свет за нејзините неуспеси во заштитата на работниците за време на пандемијата од КОВИД-19, а британски Гардијан напиша за „десетици магацини во Амазон кои станаа групи на инфекции“, вклучително и на Стејтн Ајленд во Њујорк.

 

 

Во САД, Амазон вработува повеќе од 800.000 луѓе. На критиките за условите за работа, Безос одговара дека им се плаќаат минимум 15 долари на час, но тие се спротивставуваат на неговата опсесија со ефикасност и го обвинуваат дека ги третира работниците како машини.

Тој исто така не дозволува формирање на синдикати, но по жестоките критики, тој вети дека Амазон ќе стане „најдобриот работодавач на светот“.

Loading...

Пазарната вредност на Амазон денес е повеќе од 1,7 трилиони долари.

Во 2020 година, компанијата забележа годишен приход од 386 милијарди долари од електронска продажба, клауд-компјутер, вештачка интелигенција и производство на филм.

Среќниот пораст на Амазон го направи Безос еден од најбогатите луѓе во светот и во моментов е „тежок“ 200 милијарди долари, дури и по разводот во 2019 година со неговата сопруга Меккензи Скот која поседуваше 25 проценти од акциите на Амазон, тогаш вреден 38 милијарди долари.

Откако се повлече од функцијата извршен директор и секојдневното управување со Амазон, Безос повеќе ќе се фокусира на неговата компанија за истражување на вселената Blue Origin, а на 20 јули со ракетата и капсулата Њу Шепард, наменети за шест патници, треба да полета на висина од над 100 километри над површината на Земјата.

 

 

Во 2013 година го купи дневниот весник „Вашингтон пост“.

Loading...

Тој тврди дека сака да посвети се повеќе од своето време на борбата против климатските промени, но во моментов, по извештаите во медиумите, тој се соочува со критики дека веќе неколку години не плаќа данок на доход.

Leave a Reply