Индонезија соопшти дека ќе испрати повеќе од 210 тони отпад назад во Австралија поради заштита на својата околина.
Осум контејнери од вработените во Сурабија требало да содржат само отпадна хартија, но властите пронашле опасни материјали и смет од домаќинствата, вклучително пластични ќеси и пакувања, искористени пелени, електронски отпад и конзерви.
Филипини на Канада врати 1.500 тони смет: „Јадете го ако сакате“
По инспекција на Министерството за заштита на животната средина била донесена препорака товарот да биде вратен.
– Тоа е направено за да се заштити јавноста и околината на Индонезија, особено во Источна Јава, од Б3 отпадот, велат од ресорното министерство.
Австралиската компанија „Оушеаник мултитрејдинг“ испратила отпад во Индонезија со помош на индонезиската фирма „PT. MDI“, соопштуваат властите.
Пацифичкиот „остров на сметот“ два пати поголем од Турција (ВИДЕО)
Земјите од Југосисточна Азија добиваат да служат како депонии за одлагање на отпадот од странство.
Кина во 2018 година одлучи да забрани увоз на пластичен отпад поради што глобалната индустрија за рециклирање се најде во хаос, а државите тешко наоѓаат места за испраќање на отпадот.
Места кои ги „упропастиле“ туристите
Индонезија објави минатата седмица дека ќе испрати 49 контејнери полни со отпад назад во Франција и останатите развиени земји.